Бакајоко не сака да продолжи ни во Монако ни во Челси и изненади со клубот во кој сака да продолжи


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Фудбалерот на Челси кој настапува како позајмен во Монако, Тему Бакајоко истакна дека не сака да продолжи во англискиот клуб.

Челси го донесе Бакајоко како големо засилување во 2017 година токму од Монако, но Французинот истакнал дека не сака да продолжи во Монако, но дека не сака да остане ниту во Челси.

Наместо тоа, како што пишува „Калчомеркато“ 25 годишниот Бакајоко изразил подготвеност да се врати во редовите на Милан, клуб кој го напушти лани откако влезе во конфликт со Гатузо, но и со некои луѓе од управата на клубот.