Балотели добива страшна суспензија поради глупост!

Импресивен старт во Олимпик Марсеј имаше Марио Балотели, кој постигна седум голови на десет натпревари, но можеби го одигра својот последен меч во сезоната.

Причината е тоа што на натпреварот против Бордо му го скрши носот на Пабло Кастро со лакт во еден инцидент во текот на натпреварот.

Најголемата казна којашто може да ја добие е осум натпревари пауза, доколку се докаже дека тоа го направил намерно.

Судијата не го виде контактот, но Дисциплинската комисија е должна сите пропусти од натпреварот да ги разгледа и потоа соодветно да ги казни.

Минималната казна е пет натпревари доколку Балотели е прогласен за виновен, па дефинитивно нема да помине добро.