Барди го напушта Леванте и ќе му биде ривал на Алиоски во Премиерлигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Енис Барди наскоро може да се пресели во Премиерлигата, каде што интерес за неговите услуги покажал тимот на Њукасл.

Екипата на Стив Брус и претходно се поврзуваше со потписот на македонскиот фудбалер, па постои голема можност да тргнат по неговиот потпис уште во јануарскиот преоден рок.

Леванте сигурно ќе го пушти Македонецот доколку пристигне некоја примамлива понуда, а засега не е познато колку пари би понудил премиерлигашот за услугите на Барди.