Барди повторно се повреди и го чека нова пауза!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди заработи нова повреда и ќе мора да паузира одреден период откако почуствувал болка во бутниот мускул.

Барди почуствувал голема болка, по што бил на медицински прегледи кои покажале дека ќе мора да го пропушти мечот против Атлетик Билбао во Ла Лига.

„Барди има повреда на десната нога. Имаше медицински тестови кои покажаа дека ќе мора да паузира против Атлетик Билбао“, соопштија од Леванте.