Барса нуди двајца играчи плус пари за Лаутаро Мартинез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Речиси е сигурно дека Барселона нема да може да го ангажира Лаутаро Мартинез со директна исплата на пари.

Токму затоа „каталонците“ ќе мора да искористат и некои од своите играчи за да го убедат Интер да го пушти нивниот млад играч. Како што пишува каталонскиот „Спорт“, од таборот на Барселона се подготвени да платат 60 милиони евра и да испратат уште три играчи на „Меаца“ за да го добијат потписот на Лаутаро.

Артуро Видал речиси сигурно ќе биде еден од играчите кои Барселона ќе ги вметне во понудата, додека вториот ќе биде еден од фудбалерите кои се на излезните врати од клубот, Нелсон Семедо или Карлес Алења.