Барселона договори две моќни засилувања од Манчестер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот гигант не се поправи ни по доаѓањето на тренерот Чави Ернандез, па поради тоа Барселона мора да реагира во јануарскиот преоден рок и да ја засили екипата доколку не сака да доживее целосен дебакл оваа сезона.

Барселона во моментов е на осмата позиција во Ла Лига, со пет бода помалку од местата кои следната сезона водат во Лига на шампиони, додека од истата испаднаа во групната фаза оваа година.

Каталонците треба да ангаѓираат две засилувања од Манчестер, а тоа се Едисон Кавани од Јунајтед, кој треба да добие 3,5 милиони евра за договор до јуни плус еден милион во бонуси.

Покрај Кавани, во Барселона се очекува и Феран Торес за кој каталонскиот тим ќе плати околу 50 милиони евра.