„Барселона е домот на Меси, вратата секогаш е отворена за него“


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона е на добар пат да ја освои титулата во Ла Лига, затоа што има осум бодови предност пред вечниот ривал Реал Мадрид.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Лионел Меси би можел да се врати во Каталонија на крајот на сезоната бидејќи му завршува договорот со ПСЖ, а за тоа зборуваше и тренерот Чави Ернандез, кој му ја отвори вратата.

„Веќе кажав дека ова е домот на Меси и вратата секогаш е отворена. Нема што да се додаде. Тој е мој пријател и одржуваме контакт. Сè зависи од Меси и тоа што сака во иднината. Но, ова е неговиот дом, нема сомнеж во тоа“, кажа Чави.