Барселона го уценува Де Јонг – договорот му бил незаконски!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона преку писмо го известила Френки Де Јонг дека неговиот договор е незаконски и ќе ја бараат правдата преку Суд.

Раководството на клубот сака да му го поништи договорот, а претседателот на синдикатот на фудбалери на Холандија смета дека Барселона му врши притисок и го предаде случајот на ФИФА.

Каталонскиот гигант сака да го поништи неговиот договор, кој Де Јонг го потпиша на 20 октомври 2020 година и истиот трае до 2026 година.

Управата на тимот смета дека претходното раководство на Баромеу на незаконски начин му го продолжила договорот на Де Јонг.

Холанѓанецот веќе неколку пати се поврзуваше со заминување од Барселона, која сака да го продаде, но тој ги одби понудите.