Барселона ќе го продаде Де Јонг под еден услов


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона му понудил договор на Френки Де Јонг пред три месеци, но Холанѓанецот засега не дал позитивен одговор за продолжување на соработката.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона ќе бара 100 милиони евра за услугите на Де Јонг доколку наскоро не прифати нов договор.

За услугите на Де Јонг се заинтересирани неколку англиски тимови, меѓу кои се Манчестер јунајтед и Челси.

Де Јонг оваа сезона настапи на 23 меча за Барселона, а притоа постигна само еден гол.