Барселона не го договори Мартинез, па сега ќе се обиде да го купи неговиот колега?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лаутаро Мартинез беше на праг да го напушти Интер и да се пресели во Шпанија, но тоа не се случи и каталонскиот гигант не успеа да го ангажира.

Освен Барселона, го бараше и Реал Мадрид, но Мартинез засега останува член на тимот од Милано.

Популарниот „Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона ќе се обиде да го купи колегата на Мартинез од Интер, а тоа е Ромелу Лукаку.

Белгиецот минатата сезона играше неверојатно, па не чуди тоа што го привлече интересот на каталонскиот гигант.

Има уште неколку недели до крајот на преодниот рок, па останува да видиме што ќе се случи.