Барселона нема пари, ама Чави подготвува трансфер-бомба?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона неодамна го ангажираше Чави Ернандез како тренер на екипата, по што потпиша договор и со Дани Алвес, а сега е време за ново звучно засилување за каталонскиот тим.

Каталонците се обидуваат да го ангажираат Рахим Стерлинг од Манчестер сити, откако не успеаа да го добијат неговиот потпис во текот на летото.

Стерлинг не добива шанса кај тренерот Пеп Гвардиола и јавно покажа дека е незадоволен и сака да си замине од Манчестер.

Англискиот фудбалер е една од најголемите желби на Чави, па Барселона ќе се обиде да го ангажира, иако неодамна објавија дека немаат доволно пари за да го купат.

Тоа најверојатно значи дека Стерлинг ќе пристигне на позајмица на „Камп Ноу“, по што би бил откупен неговиот договор на лето.