Барселона сакала да го врати Тијаго назад, но кога испратиле понуда до Баерн мислеле дека се шегуваат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Тијаго Алкантара пред неколку дена потпиша за Ливерпул, каде пристигна од Баерн.

По седум сезони, тој реши да го напушти Баерн и да одлучи да се испроба во Премиершип. Ливерпул одвои 30 милиони евра за 29-годишникот, а Тиаго потпиша тригодишен договор.

Тијаго дебитираше за Ливерпул во победата против Челси (0:2) за време на викендот, а тој веќе ги воодушеви навивачите со својата игра. Пред да се реализира неговиот трансфер во Ливерпул, имаше гласини дека Тијаго може да се врати во Барселона.

Познато е дека тој израснал во каталонскиот клуб, и дека ги помина сите категории на Барселона. Сепак, во 2013 година отиде во Баерн затоа што не беше задоволен од минутажата и се покажа дека Барселона го пушти премногу лесно.

Каталонците имаа намера да го вратат Тијаго на Камп Ноу ова лето, но не успеаја во тоа. Шпанските медиуми пишуваат дека Баерн бил разочаран кога пристигнала понудата за овој играч.

Имено, Кадена СЕР пишува дека Барселона понудила само десет милиони евра за Тијаго, што ги разочара Баварците, но и овој играч од средниот ред, и на крајот тој сепак реши да замине во Ливерпул.