Барселона, сепак, нема да му плати на Ливерпул ниту едно евро за Кутињо!!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веднаш откако Баерн ја освои Лигата на шампионите, повторно е актуелна приказната дека Барселона мора да му плати на Ливерпул 4,5 милиони фунти.

Веќе некое време во медиумите кружат гласини дека Барселона ќе мора да плати одредена сума пари на „црвените“ во случај на триумф на Баерн во елитното натпреварување.

Кога Филип Кутињо пристигна на Ноу Камп во договор полн со клаузули една се однесуваше и на освојување на Лигата на шампионите. Во случај Бразилецот да ја освои, Ливерпул би добил бонус од 4,5 милиони евра.

Кутињо го направи тоа, но како играч на Барселона кој беше позајмен во Баерн. Од таа причина Мундо Депортиво се консултираше со каталонскиот клуб и доби објаснување.

Барселона објасни дека ова е клаузула која може да се активира само доколку Кутињо стане европски шампион во дресот на Барса, што не е случај овој пат.

Ливерпул, од друга страна, верува дека клаузулата се однесува на играчот кој ја освои Лигата на шампионите, а не на Барселона.

Сепак, веќе се одлучиле на Ноу Камп, ќе добијат негативен одговор на секое барање од „Енфилд“ за 4,5 милиони фунти.

Патем, за Кутињо беа исплатени 120 милиони евра.