Барселона си договори засилување од 55 милиони евра!


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Каталонските медиуми пишуваат дека Барселона го добила првото засилување за јануари, а тоа ќе биде Феран Торес, кој доаѓа од Манчестер сити за 55 милиони евра плус 10 милиони во бонуси.

Шпанскиот репрезентативец ќе биде второ засилување во ерата на Чави, откако неодамна бесплатно во екипата пристигна искусниот бек Дани Алвеш.

Феран има 21 година и игра на сите позиции во нападот, па ќе биде корисен за Каталонците кои се наоѓаат во криза.

Оваа сезона за „граѓаните“ одигра седум меча и даде три гола и една асистенција во сите конкуренции, но има голем квалитет и за тоа се свесни главните луѓе во Барселона.

Се очекува во следните денови да пристигне и официјална потврда од Барселона, па Торес пак ќе заигра во Шпанија.