Баварците не жалат: Алкантара минува низ пекол на „Енфилд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул игра катастрофално во 2021 година, а тоа посебно се однесува на натпреварите на „Енфилд“, каде што веќе имаат пет порази по ред.

Тијаго Алкантара е разочаран поради тоа, иако минатото лето стигна во Ливерпул со амбиција да ги освои сите трофеи со премиерлигашот.

Алкантара поради повреда не играше на почетокот на сезоната, а на „Енфилд“ настапи само шест пати и досега ниту еднаш не успеал да слави со Ливерпул.

Ливерпул на тие натпревари запиша пет порази и едно реми, а Алкантара досега на 17 натпревари за „црвените“ нема постигнато ниту гол, ниту асистенција.