Баварците го расипуваат плановите на „Старата дама“: Баерн Минхен загриза по најталентираниот Италијанец!

Како што пренесува италијанскиот новинар Николо Шкира, минхенски Баерн веќе некое време го следи крилниот играч на Фиорентина, Федерик Кјез.

Скаутите на клубот од „Алијанц Арена“ го следат малдиот Италијанец и како што се наведува Баварците се многу заинтересирани и за репрезентативецот на Италија.

Кјез е еден од најталентираните италијански фудбалери, израсна во еден од најдобрите поединци во Фиорентина, па јасно е дека за неговите услуги заинтересирани се и најдобрите клубови од Серија А.

Јувентус ова лето ќе се обиде да го пресели во своите редови, многумина сметаат дека таа приказна е веќе готова, но изгледа дека Баерн би можел да ги искомплицира работите.

Интер исто така ја следи ситуацијата, но јасно е дека не може да им парира на екипите од Торино и Минхен.

„Виола“ постави цена, бараат 80 милиони за својот фудбалер, Баерн истата таа сум ја потроши на ангажман на Лукас Ернандез, но се знае дека имаат уште доста средства во буџетот и дека активно бараат замени за Робен и Рибери, кои заминуваат од клубот на крајот од сезоната.