Бекер: Пред Ѓоковиќ е голема одлука, а Надал најмногу профитира…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Борис Бекер, легендарниот тенисер и тренер на Новак Ѓоковиќ, вели дека отсуството на Србинот на Австралијан опен целосно ја променил динамиката на турнирот и поради тоа најмногу може да профитира Рафаел Надал.

На Ѓоковиќ не му беше дозволено да настапи на првиот гренслем-турнир вос езоната, затоа што не е вакциниран против ковид-19, а во Мелбурн требаше да го брани трофејот и да ја брка рекордната 21. гренслем-титула.

„Отсуството на Ѓоковиќ на Австралијан опен ја смени динамиката на турнирот, како што би се случило кога Рафаел Надал нема да игра на Ролан Гарос. Кој мислеше дека Шпанецот би бил пред Ѓоковиќ и Федерер со 21 титула? Тоа е уште една причина зошто пред Новак е голема одлука, а Надал профитира од сè ова“, вели Бекер.