Белингам: Имав седум години и сонував за ноќи како оваа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Џуд Белингам е еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид оваа сезона и ќе се бори за трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кралевите“ го совладаа Баерн со неверојатен пресврт, а Белингам во финалето ќе се соочи против неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд.

„Имав седум години, живеев во Бирмингем и сонував за ноќи како оваа. Лудо е тоа што ќе игра против Борусија во финалето, не можам да поверувам“, кажа Белингам.