Белингам ја отвори душата за состојбата во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џуд Белингам минатото лето го засили Реал Мадрид кога пристигна од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 103 милиони евра.

Англискиот репрезентативец на 17 натпревари во дресот на „кралевите“ постигна 15 голови и четири асистенции.

Белингам во разговор со новинарите од Шпанија откри како се чувствува, а вели дека се плаши некој да не го разбуди од „сонот“.

„Сонувам, секој ден сè плашам некој да не ме разбуди. Многу сум среќен во Реал Мадрид. Моја цел е да освоиме многу титули. Секој ден одам на тренинг со цел да станам подобар“, вели Белингам.