Белингам ќе заврши на операција!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Џуд Белингам оваа сезона е најголема ѕвезда на Реал Мадрид, но се здоби со повреда и тоа ги загрижи навивачите.

Тренерот Карло Анчелоти призна дека во иднина Белингам би можел да заврши на операција и поради тоа ќе паузира.

„Неговото рамо е нешто за што треба добро да се грижи за да го зајакне. Нема никакви проблеми со играта поради ова, секој ден се подобрува. Во моментов таква операција е исклучена, но неговото рамо е многу трауматично. Ако ова се повтори, тогаш сигурно ќе биде потребна операција“, кажа Анчелоти.

Повредата на Белингам од ноември сè уште му создава проблеми, но се очекува во следниот период да биде санирана.