Белингам направи нешто што не му успеало на друг играч од средниот ред (Фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џуд Белингам се покажа како големо засилување за Реал Мадрид и ги оправда вложените пари, откако постигна осум гола на девет настапи за шпанскиот тим.

Белингам стана првиот фудбалер кој постигнал осум гола во Лигата на шампиони (ЛШ) пред да наполни 21 година.

Такво нешто им успеало само на четворица други фудбалери, но ниту еден од нив не бил од средниот ред. Тие играчи се Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе, Карим Бензема и Патрик Клајверт.