Белингам во „тесно“: Англија го бара, но Реал Мадрид не го пушта!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид се надева дека Англија ќе му дозволи на Џуд Белингам да се врати во Шпанија за да продолжи со рехабилитацијата по повредата на рамото.

Белингам го повреди рамото поради кое мораше да ги пропушти дуелите со Брага и Валенсија. Англичанецот, сепак, беше повикан за следните два меча на „Гордиот Албион“.

„Доколку Џуд не може да игра за нас, тогаш не може ниту за Англија“, кажа Анчелоти по натпреварот против Валенсија.

Англиските доктори ја следат ситуацијата на Белингам и наскоро треба да биде донесена одлука дали талентираниот играч ќе биде вратен во Шпанија.