Бензема се пофали со каква машина ќе лета за Дубаи 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите во шпанската Ла Лига добија одмор од седум дена пред новогодишните празници, а на теренот се враќаат на почетокот на јануари.

Многу од нив ќе ја искористат паузата за да патуваат во топли краишта, додека некои од нив ќе заминат во Дубаи.

Карим Бензема на Инстаграм објави дека ќе замине во Дубаи, а за него стана традиција почесто да оди во Обединетите Арапаски Емирати.

Напаѓачот на Реал Мадрид се најде во центар на внимание затоа што го покажа авионот со кој замина на пат кон Дубаи, па многумина ги остави без текст.

За ова патување Бензема изнајми Боинг 737, а во Дубаи ќе биде со семејството и пријателите.