Бернардо Силва ја реши дилемата за неговата иднина!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Искусниот фудбалер на Манчестер сити, Бернардо Силва беше голема желба на Барселона во летниот преоден рок, но тој кажа дека ќе остане во англискиот шампион.

Силва откри дека не добил никаква понуда од Каталонија, а претходно и тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола кажа дека сака да го задржи, но тоа зависи само од Португалецот.

„Останувам во Манчестер сити. Не сум добил никаква понуда. Среќен сум во клубот и тоа е мојата конечна одлука“, кажа Силва.

Силва пристигна во англискиот гигант во 2017 година од Монако, а претходно играше и за Бенфика, па од тогаш стана важен дел од шампионскиот состав.