Без дилема: Главниот судија го „изгоре“ Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан вчера играше одлично против Атлетико Мадрид и водеше со голот на Рафаел Леао сѐ до 29. минута кога главниот судија му покажа црвен картон на Франк Кеси.

Италијанските медиуми пишуваат дека судијата Чакир претерал со неговата одлука да покаже црвен картон и директно да влијае на резултатот.

Уште еден спорен момент се случи во судиското надополнување кога судијата покажа на белата точка за гостите од Мадрид поради раката на Калулу. Но, интересно е тоа што претходно Лемар играше со рака, а ВАР-технологијата остана „слепа“.

Заклучокот на италијанските медиуми по поразот на Милан е дека судијата го решил натпреварот во корист на Атлетико Мадрид.