„Би сакал да играм финале со Ѓоковиќ на неговото омилено место, па и да – загубам!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вториот тенисер на АТП-листата Данил Медведев се избори за пласман во второ коло на Австралијан опен, откако славеше против Хенри Лаксонен по три сета (6-1, 6-4 и 7-6), па така го направи првиот чекор кон трофејот, кој може и да му го донесе првото место во светот.

Русинот може да го симне Новак Ѓоковиќ од врвот на АТП-листата затоа што Србинот не ја брани титулата и ќе загуби 2.000 бодови, а Медведев по натпреварот не сакаше да ја прифати фаворитската улога во Мелбурн.

„Секогаш велам дека фаворит е тој со најдобар ранг, но овој пат сметам дека тоа е Надал. Сепак, тој има освоено 20 гренслем-титули“, кажа Медведев.

Медведев уште еднаш даде изјава за Ѓоковиќ, кој беше депортиран од Австралија и не му беше дозволено да ја брани титулата.

„Мелбурн е негово омилено место во светот, има одиграно премногу натпревари. Се обидов да го спречам минатата година, но бев далеку од тоа. Би сакал да имам шанса повторно да играм со него во финале, па дури и да загубам“, вели Медведев.