„Билд“: Баерн Минхен е сериозно заинтересиран за млад хрватски репрезентативец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германски „Билд“ пишува дека Борна Соса е една од желбите на Баерн Минхен за следното лето. Младиот фудбалер игра за Штутгарт и талентираниот лев бек на 15 меча запиша четири асистенции.

Баварците бараат замена за Давид Алаба, кој го напушта клубот. Со оглед на тоа дека тој играше како стопер, Баерн планира на негово место да го користи Лукас Ернандез, а потоа ќе бара решенија на левата страна.

Заедно со Марк Фридл од Вердер, кој во Бремен замина од Баерн, Соса е најсериозна опција за позицијата на лев бек.

„Билд“ пишува дека Штутгарт не планира да го пушти својот фудбалер за помалку од 20 милиони евра, а тоа ќе биде негова почетна цена во преговорите.