Билетите за ракометниот Суперкуп ќе чинат – 150 денари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во салата „Парк“ во Струмица утре ќе се соочат македонските ракометни гиганти Пелистер и Вардар во рамки на Суперкупот.

Билетите за ракометното дерби се веќе пуштени во продажба и чинат 150 денари, па ќе биде интересно да се гледа нивната битка на паркетот.

Двете екипи имаат големи промени во составите во однос на претходната година, па останува да видиме кој ќе го добие првиот трофеј сезонава.

Натпреварот меѓу Вардар и Пелистер се игра утре од 18 часот.