Билиќ доведува уште еден играч, овој пат од Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште од самиот почеток на трансфер периодот излегоаа шпекулациите за напуштањето на Давиде Сантон од Интер. Најпрвин се споменуваше Сандарленд, потоа Саутемптон сега италијанскиот фудбалер веројатно се договорил со друг англиски клуб.

Новинарот Џанлука ДиМарзио пишува дека Давиде Сантон деновиве ќе го официјализира својот трансфер во екипата на Вест Хем.

Сантон се изјасна дека повторно сака да се врати во Англија, каде што порано играше во екипата на Њукасл и дека сака повторно да игра фудбал во најдобрата лига на светот.

Според Ди Марзио трансферот на дваесет и пет годишниот италијанец би требало да се официјализира до петок, кога тој имал закажани медицински прегледи со тимот на Вест Хем.