Бисерот на Барселона потпиша нов договор до 2029 со клаузула за ослободување од 500 милиони евра


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Како што се очекуваше, Барселона официјално го објави обновувањето на договорот на 21-годишниот фудбалерот во средниот ред Фермин Лопез.

„Барселона и играчот на првиот тим Фермин Лопез постигнаа договор за обновување на неговиот договор, со што ќе биде врзан за Клубот до 30 јуни 2029. Клаузулата за раскин е поставена на 500 милиони евра,” се вели во соопштението од клубот.

Фермин го потпиша својот нов договор денес напладне во присуство на претседателот на клубот ​​Жоан Лапорта.

Талентот од академијата се проби во поставата на првиот тим минатата сезона под раководство на Чави и полека се пробива во поставата на шпанскиот национален тим.