Бивш потпретседател на Барселона: Мака ми е од Надал, тој е дел од непријателската држава!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои Австралијан опен, но не се сите воодушевени во Шпанија од неговиот успех, иако ги надмина Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер по број на гренслем-трофеи (21).

Поранешниот функционер на Барселона, односно потпретседател, Алфонс Годал имаше што да каже против Шпанецот по победата во Мелбурн.

„Мака ми е од Надал од првиот ден. Го ставам во ист кош, како и репрезентацијата на Шпанија, Реал Мадрид, Фернандо Алонсо и сите други кои ја претставуваат непријателската држава“, напиша Годал.

Годал работеше како потпретседател на Барселона во првиот мандат на Жоан Лапорта на чело на екипата, а исто така е голем заговорник за независност на Каталонија.