Бивша светска шампионка продава „жешки“ слики за да собере пари за Олимписки игри (Фото)

Поранешната светска шамионка во лизгање, Елис Кристи призна дека отворила „ОнлиФанс“ само за да продава разголени фотографии и така да заработи пари за да се натпреварува на Олимписки игри.

Кристи во декември минатата година доживеа повреда, која не ѝ дозволи да настапи на ЗОИ во Пекинг, по што реши да се пензионира, но во меѓувреме почна да работи за да ги плаќа сметките и реши да отвори профил на платформата за возрасни.

Атрактивната девојка ги нуди своите фотографии за 12 долари месечно, а веќе почнала да добива пари од нејзините фанови и истите ќе ги искористи за да настапи на ЗОИ.

Кристи има 32 години и во октомври минатата година издаде автобиографска книга во која до детали откри како била силувана во 2010 година по враќањето од ЗОИ во Ванкувер.