Бизарно: Навивачи бараа од Феликс да го повреди Гризман! 🎥

Антоан Гризман се врати во Атлетико Мадрид во последниот ден од преодниот рок, откако претходните две години ги мина во Барселона.

Французинот се врати во Мадрид, но не ги израдува навивачите, кои не му го забораваат предавството, а на мечот против Порто тој доби жестоки свирежи од трибините.

Уште една бизарна сцена се случи на денешниот тренинг, кога дел од навивачите побараа од Жоао Феликс да го повреди Гризман.

„Имајте повеќе почит“, им одговори Феликс на тоа.