Бјелица не му е повеќе тренер на Адеми во Динамо Загреб

Тренерот Ненад Бјелица беше на тричасовни разговори со управата на Динамо Загреб, по што била донесена одлука да се разделат.

„Граѓанскиот фудбалски клуб Динамо и господин Ненад Бјелица се договорија да го прекинат договорот. Клубот му се заблагодарува на Бјелица за досегашната соработка и резултатите кои ги остави како тренер на Динамо“, објави од хрватскиот клуб.

Не беше изненадување оваа одлука, поради тоа што проблем се финансиите. Динамо сака што е можно побрзо да ги намали трошоците, па затоа се разделија до Бјелица.