Блашчиковски трагичар – Португалија во полуфинале


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Репрезентацијата на Португалија се пласираше во полуфинале после победата на Полска на пенали од 5:3.

Натпреварот за Полска започна фантастично, Роберт Левандовски во 2-ра минута ја затресе мрежата на Руи Патрисио. Нани и Роналдо се обидоа брзо да израмнат, но нивните шутеви беа изблокирани. Потоа повторно Роналдо шутираше, но покрај голот. И конечно во 33-та минута Ренато Санчез од далечина ја затресе мрежата на Фабиански и го израмни резултатот. Во 55-та минута Роналдо имаше огромна шанса за водство на Португалија, но шутираше покрај голот. Видовме и еден фантастичен шут на Седрик од далечина кој за малку не ја затресе мрежата на Фабиански. 81-ва минута и можеше да видиме автогол, но Јеџејџик за малку не ја погоди својата мрежа. После 90 минути 1:1. Во продолжението без поголеми шанси, а на пенали подобра беше репрезентацијата на Поруталија со 5:3.