Богдановиќ: Сакавме да освоиме медал, но во последниве денови се случија некои работи…


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Најдобриот кошаркар на Србија, Богдан Богдановиќ не можеше да каже што се случило во екипата во претходните денови.

    Србија се надеваше дека ќе успее да освои медал на Светското првенство во Кина, но тие беа изненадени и поразени од Аргентина во четвртфиналето.

    Богдановиќ немаше поддршка од целата екипа, а тоа на крајот ги донесе до уште еден неуспех, односно втор во два дена.

    „Тешко е да се зборува по пораз. Сите можат да зборуваат што сакаат. Поразот дојде во погрешен момент. Штета. Беше добра атмосфера, во последните два дена се случија многу работи кои ни влијаеа. Ние сме професионалци, моравме да одиграме подобро. Тука е крајот на борбата за медал, ние дојдовме по него, но не успеавме во нашата намера“, порача Богдановиќ.