„Бомба“ на Островот: Клоп оди во Лондон за да реализира трансфер од 100 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп размислува за засилувања во јануари, а на неговата листа со желби е Букајо Сака од Арсенал. „Мирор“ објави дека тој најверојатно ќе се пресели во Ливерпул уште во јануари.

„Црвените“ ќе бидат без услугите на Мохамед Салах и Садио Мане кои ќе играат на Африканскиот куп на нации, а Ориги и Минамино не се фудбалери на кои Клоп може целосно да им верува.

Сака е крилен фудбалер, па би се вклопил во филозофијата на Клоп, меѓутоа Арсенал за него ќе бара многу понуди, иако играчот вреди околу 65 милиони евра.

Ливерпул најверојатно ќе мора да понуди многу повеќе, односно околу 80-90 милиони евра за Сака, кој досега одигра 31 меч за младинските репрезентации на Англија и постигна седум голови, а веќе има и 14 настапи со четири погодоци за сениорската репрезентација.

Англичанецот сезонава одигра 21 меч за „топчиите“ во сите конкуренции и постигна шест гола и четири асистенции.