„Бомба“ од 137 милиони евра: Најголемиот талент на Дортмунд го избра Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најголемите таленти во светот и фудбалер на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам решил да потпише за Реал Мадрид следното лето, иако за него беа заинтересирани и Челси, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Ливерпул.

Англиските медиуми пишуваат дека Белингам е на листата на желби на „кралевите“, кои нема да штедат пари за фудбалерот кој потпиша за Дортмунд во 2020 година за 25 милиони евра.

Белингам одигра 100 меча во Бундеслигата и има 16 настапи во дресот на англиската репрезентација, а Реал за неговиот потпис со бонуси ќе мора да плати околу 137 милиони евра.

Реал Мадрид го гледа Белингам како замена за Лука Модриќ, кој е пред крајот на неговата професионална кариера.