Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Минесота тимбервулвс утрово се откажа од услугите на Карл Ентони Таунс, кој се сели во Њујорк никс, додека во спротивен правец ќе се преселат Џулиус Рендал и Деонте Дивиченцо.
Таунс беше член на Минесота од 2015 година и еден од лидерите на екипата, па сите беа зачудени од одлуката на клубот да се откаже од неговите услуги.
Дури и кошаркарот беше шокиран од одлуката на неговиот поранешен клуб, а тоа го покажа со кратката објава на „Твитер“ каде што напиша само три точки.