Борба на годината: Се тепаа брутално 25 минути, а на крајот се сликаа во амбулантско возило 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата ноќ спектакуларна борба беше одржана меѓу Макс Холовеј и Јаир Родригез во Лас Вегас, а по пет неверојатни рунди славеше Холовеј.

Ниту еден борец не застана и тие се тепаа брутално во текот на сите 25 минути, а на крајот судиите го одлучија победникот.

Поранешниот шампион во перо-лесна категорија го врза својот втор триумф по ред и најверојатно ја отвори вратата за трета борба со Алекс Волкановски.

„Неверојатна борба. Веројатно една од најдобрите кои сум ги видел. Мислам дека трета пресметка против Волкановски сега има смисла“, кажа Вајт.

Холовеј од друга страна сака да се тепа против Конор Мекгрегор, но останува да видиме дали такво нешто ќе прифати Ирецот.