Ботас ја освои пол-позицијата на Нирбургринг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Валтер Ботас ќе тргне од првата позиција на трката за Големата награда на Ајфел, која е 11 трка во Формула 1 сезонава.

Финецот до најдоброто стартно место на патеката Нирбургринг стигна со одличен круг во самиот финиш од квалификациите со време 1.25.269.

Во борбата за пол-позиција беше побрз од неговиот колега Луис Хамилтон од Мерцедес, како и од Макс Ферстапен.

По оваа пеколна тројка следат Шарл Леклер од Ферари, Александер Албон од Ред Бул, Даниел Рикардо од Рено, Естебан Окон од Рено, Ландо Норис од Мекларен, како и Серхио Перез од Рејсинг Поинт и Карлос Саинц од Мекларен.