Брајант беше примен во Куќата на славните, а со него – Данкан и Гарнет!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По осум месеци одложување поради вирусот, во сабота конечно беше организирана манифестација во кошаркарската Куќа на славните при што беше примен Коби Брајант во друштвото, заедно со уште неколку кошаркари.

Вдовицата на Коби, Ванеса Брајант излезе на бината во придружба на легендарниот Мајкл Џордан.

„Секогаш избегнував јавно да давам пофалби за својот сопруг, зашто мислам дека доволно добиваше од навивачите, а некој мораше да го врати во реалност. Сигурна сум дека сега се смее на небото, зашто доби пофалба во јавност за неговите постигнувања“, вели Ванеса.

Во Куќата на славните беа примени и легендарните Кевин Гарнет и Тим Данкан, кои му беа големи ривали на Коби на паркетот во НБА-лигата.