Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Нов селектор на Селесао, Карло Анчелоти јасно порача дека денешниот Бразил нема суперѕвезда која може сама да ја носи репрезентацијата.
Во пресрет на пријателскиот натпревар против Панама на познатата Маракана, Анчелоти отворено зборуваше за притисокот кој ја следи бразилската репрезентација.
“Искусните играчи мора да преземат поголема одговорност, додека помладите треба да се заштитат од прекумерен притисок. Сите имаме одговорност и го чувствуваме притисокот. Затоа мораме да го поделиме. Не може се да зависи од еден човек”, рече Анчелоти.
“Понекогаш многу се зборува за тоа дека Бразил нема голема ѕвезда. Можеби тоа е вистина. Немаме Пеле, Ромарио ни Роналдо, но можеме да ја имаме поделената одговорност.”
















