Брејдаблик непријатно ја изненади Струга ТЛ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот шампион Струга ТЛ загуби во првиот меч против Брејдаблик со 0-1 од плејофот во Конференциската лига.

Струга ТЛ доби лесен противник на хартија, но на теренот се соочи со проблеми, откако Хоскулдур Гунлаугсон погоди за водство на гостите од Исланд со 1-0.

Стружани го нападнаа голот на гостите и се обидуваа да стигнат до израмнување, меѓутоа Брејдаблик издржа и оствари победа (1-0).

Струга ТЛ нема друг избор, освен победа во реваншот за седум дена ако сака да обезбеди место во групната фаза на Конференциската лига.