Брутален удар од Фјури: Забот на Вајт летна во Вотфорд (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тајсон Фјури го одбрани појасот на светски шампион во тешка категорија, откако го совлада Дилијан Вајт со нокаут во шестата рунда на стадионот „Вембли“.

Двајцата постојано добиваа предупредувања од судијата, а шампионот неколку пати добро го погоди Вајт, по што психички го уништи со провокации.

Вајт во петтата рунда беше пред паѓање во рингот, а Фјури стануваше многу опасен, додека неговиот ривал немаше вистински одговор.

Сега се појави ново видео на кое може да се забележи дека Фјури му скрши заб на Вајт, кој буквално излета надвор од рингот.

Тоа предизвика голем број реакции во медиумите, па еден корисник на Твитер напиша дека забот на Вајт слетал во Вотфорд.