Чави договара ново засилување: Во Барселона доаѓа 38-годишен фудбалер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилските медиуми пишуваат дека Дани Алвеш сака да се врати во Барселона, а веќе почнале преговорите меѓу двете екипи и тој би можел да биде едно од првите засилувања на новиот тренер Чави Ернандез.

Дефанзивецот играше за Барселона во период од 2008 до 2016 година, а притоа одигра 391 натпревар и постигна 21 гол и 101 асистенција.

Алвеш со Барселона освои и шест шампионските титули, три во Лигаа на шампиони (ЛШ), три клупски Светски првенства, два европски Суперкупа и четири шпански Купа.

Бразилскиот дефанзивец е најтрофеен фудаблер во историјата и има 43 титули со екипите во кои настапуваше, додека во моментов е слободен играч.