Чави е подготвен за прв трансфер: Ѕвезда на Сити доаѓа во Барселона?


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Каталонските медиуми пишуваат дека најголеми желби на новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез се Рахим Стерлинг и Дани Олмо. Сепак, од денеска на листата со желби е и Феран Торес.

Барселона е свесна дека тешко ќе откупи било кој од овие фудбалери, па реална опција е напаѓачот да пристигне на позајмица до крајот на сезоната.

Сепак, Манчестер сити и Лајпциг не се лесни за преговори и затоа нема да биде лесно да се ангажираат Стерлинг и Олмо.

Проблем се и големите плати во Сити, а Олмо е најевтина опција, но Лајпциг за него бара дури 70 милиони евра.

Каталонските медиуми пишуваат дека еден напаѓач сигурно ќе пристигне во Барселона зашто Жоан Лапорта тоа му го ветил на Чави.