Чави „плачеше“ по поразот во „Ел Класико“, па доби одговор од Анчелоти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше во „Ел Класико“ против Барселона со 3-2, а каталонскиот гигант се жалеше поради одредени судиски одлуки на теренот.

Тренерот Чави Ернандез кажа дека Барселона требало да победи во Мадрид, но Анчелоти не го дели неговото мислење.

„Завршницата од дербито ја направи разликата. Ова беше тежок натпревар за нас, игравме против ривал кој даде сè од себе, но ние ги освоивме бодовите. Двапати се враќавме од негатива и со последни сили стигнавме до трет гол. Горд сум на моите фудбалери. Изјавата на Чави? Не сум сигурен дека Барселона заслужила победа, треба да се гледа реално на натпреварот“, кажа Анчелоти.