Челси го возвраќа ударот на Барселона, размена на фудбалери е најдобро решение?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона сака да се засили од Челси, а лондонскиот тим сака да се засили од Каталонија, па размена на фудбалери можеби би било најдобро решение.

Каталонскиот гигант претходно додаде гас во преговорите со Кристенсен, а не е тајна дека Чави го сака и Аспиликуета, па сега се појави вест дека Томас Тухел сега го сака Сержињо Дест.

Дест одби да оди во Атлетико Мадрид, зашто сака да се докаже во Барселона, но сепак понудата од Челси би можела да го натера да се предомисли.

Рис Џејмс е повреден, а Аспиликуета не го убеди Тухел дека заслужува место во тимот, па Дест би бил логичен избор во ситуацијава.

Барселона го сака Кристенсен и се наоѓа во подобра позиција во преговорите, зашто на Данецот му завршува договорот следното лето.

Каталонците сакаат 30 милиони евра за Дест, но би можела да ја спушти цената на Кристенсен, кој секако си оди на лето ако не го продолжи договорот со Челси.