Челси ќе ѝ „помогне“ на Барселона и ќе испрати понуда за Де Јонг?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона веќе некое време се обидува да го продаде Френки де Јонг, а во тоа би можел да им помогне Челси, кој сака да испрати понуда до екипата на Чави Ернандез.

Барселона ќе го продаде Де Јонг, кој ќе ослободи дел од буџетот и ќе им остави простор да ги регистрираат новите засилувања за следната сезона.

Челси го сака Де Јонг затоа што Н’Голо Канте не потпишал нов договор, а „сините“ се подготвени да платат 80 милиони евра за Холанѓанецот.

Овој трансфер би можел да им помогне на Каталонците да тргнат и по своето последно, но и најскапо засилување ова лето, а тоа е Бернардо Силва, откако претходно Манчестер сити соопшти дека ќе го продаде, но само ако стигне пристојна понуда.